← НАЗАД НА БОЗА

Кујните од INSTAGRAM во кои ќе се заљубите: сина кујна – боја која е во тренд

Кујните од INSTAGRAM во кои ќе се заљубите: сина кујна – боја која е во тренд
80 Читања

Вашата кујна може да биде во тренд со изборот на вистинските бои!

Ладните нијанси на сини и металик површини ќе ја направат вашата кујна тренди.

Бојата на небото и океанот понекогаш се сето она што посакуваме да го гледаме.

Кога ја реновираме кујната, ние често не сме сигурни која боја да ја избереме (а да не е бела), така што овој агол од куќата во кој поминуваме голем дел од времето да изгледа убаво и модерно за подолг временски период.

Ние идентификувавме 10 примери кои креативните дизајнери за ентериери ги нудат како идеи за уредување на овој дел од животниот простор.

Ќе се обидеме да ја предложиме токму сината боја како доминантна на висечките елементи и работна плоча од мермер.

Зборуваме за одредена нијанса која е исклучително софистицирана, за затворена сина боја со подтон на сива боја.

Со неа, најдобро ќе се вклопат златни и сребрени, сјајни или мат рачки со различни форми. Дрвените детали се добредојдени, можете дури и да изберете такви барски столици.

Подот исто така прекријте го со ламинат по избор, а похрабрите ќе се осмелат да постават керамички плочки со старински мотиви со слична палета на бои.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk