← НАЗАД НА БОЗА

Куќата нека засјае: Како да ја накитите најубавата елка досега!

Куќата нека засјае: Како да ја накитите најубавата елка досега!
99 Читања

Празниците многу брзо ни пристигнуваат.

Конечно ни стигна декември, последниот месец во годината што го обожаваме поради многубројните празници и еуфорија, која ја носи со себе, но и поради омилениот момент – китењето на елката!

Ако посакувате малку поинакво китење на елка, прочитајте ги следните совети и сигурно ќе имате најубаво празнично дрво до сега!

Нека засјае одвнатре

Пред да го ставите првиот украс, прво елката богато накитете ја „одвнатре“ – до самото стебло на елката, кое ги држи гранчињата, замотајте ги лампионите со што повеќе светилки (барем 100). Светлоста ќе се одбие од лампионите кои ќе ги закачите потоа, па елката ќе биде уште посјајна и поубава од било кога!

Лампиони

Едноставноста и монотонијата немаат што да бараат во вашиот дом, особено кога станува збор за елката! Изберете лампиони во најомилени бои, но внимавајте да бидат со различни големини и распоредени цик-цак, наместо едно до друго. Лампионите кои најмногу ги сакате закачете ги последни, за да ги поставите на највидливи места.

Експлозија на бои

Каде ќе се играте со боите без ограничувања, ако не на празничната елка? Кога станува збор за китење на елката, терминот “премногу” слободно го бришеме од речникот – нека биде шарено!

Едноставно,а феноменално

Ако сепак не сакате елката да ви биде шарена, постои начин да излезете од стандардните едноставни комбинации како црвено-златна или сребрено-розева елка.

Што велите за целосно зелена елка?

Или за елка декорирана со целосно цветни декорации?

Белата елка обично се украсува со декорации во нежни бои…

Но исто така може да засјае со полн сјај и да доминира со просторијата!

Играјте се колку сакате, пуштете ја фантазијата, нека ве води, вклучете ги децата во китењето на елката – ќе си поминете прекрасно и ќе уживате во најубаво накитеното празнично дрво до сега!

Слободно „откачете“ се – празниците ни доаѓаат!

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk