Лејди Гага доби одлични оценки за улогата во серијата “American Horror Story”. Очигледно таа не излезе целосно од својот карактер.
Овие денови таа се појави во Париз во фустан што изгледаше феноменално. Пејачката беше главната ѕвезда на серијата и го освои Златниот глобус за улога на грофица.
Одличен црвен фустан со машна околу вратот и појас околу половината е полн погодок со платинеста коса подигната во пунџа и очила на мачка. Фустанот е направен од шифон и е потпишан од модната куќа Co, со цена од 895 фунти. Нејзината убавина е во тоа што се и остава на имагинацијата, таа е затворена, но во исто време е многу секси. Гага, како што и гледате ја носи без градник.
Пејачката е во контакт со 48-годишниот агент за таленти Кристијан Карино, кој ја запроси минатата година и таа се согласи да се омажи за него. Карино е агент на Џастин Бибер, Хари Стајлс и Мајли Сајрус.