Здраво тело

Лек од нашите баби за помош при лекување на белодробни заболувања

Многумина имаат различни проблеми со белите дробови, но најчестите се астма, бронхитис и различни облици на кашлица.

Проблемите можат да бидат предизвикани поради инфекција, алергии или пушење цигари.

Ова е народен лек против сите овие болести, особено против астмата. Лекот се приготвува во различни варијанти, и претставува искуство од нашите баби.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г црвен кромид

500 г шеќер

2 лимони

1,5 л вода

7 големи лажици мед

ПОСТАПКА:

Шеќерот се загрева на умерена температура со постојано мешање додека да порумени. Потоа се додава исечканиот кромид, кратко се пропржува па се долева водата. Сето заедно се готви на умерена температура додека да испари 1/3 од водата. Потоа се остава да се излади, се додава исцедениот сок од двата лимона и медот, па се меша до изедначување.

Смесата се остава малку да отстои, а потоа се процедува и се складира во стаклено шише.

УПОТРЕБА: по 1 супена лажица пред секој оброк, додека да се потроши целата количина. По потреба направете уште една доза се’ до целосно излекување. Децата земаат по една мала лажичка пред секој оброк.

Напиши коментар