Здраво тело

Лекарите во Шкотска како лек препишуваат- престој во природа

На почетокот на октомври во шкотските ординации се појави нова терапија за широк спектар на болести. Тамошните власти им дадоа дозвола на лекарите како службена терапија за психички и некои физички проблеми да препишуваат  – поминување време во природа.

Значи кога во Шкотска луѓето ќе одат на боледување, нема да седат дома, туку мора да одат во шума, на планина, море, или мора да гледаат птици и шетаат  кучиња, пишува RTL.

Оваа терапија докажано го намалува крвниот притисок, ја ублажува депресијата, го зголемува нивото на задоволство, го зајакнува имунитетот, го зајакнува срцето, помага кај менталните болести, дијабетесот, стресот и дебелината.

За да ги поттикнат луѓето да се движат повеќе и да живеат поздрав живот, шкотските власти издадоа календар во кој на шеговит начин препорачуваат активности на отворено за секој месец.

Значи, и во зима и во лето, без оглед на временските услови, треба да бидете на свеж воздух.

Научно е докажано дека природата добро делува на менталното и физичкото здравје.

Ако трошите 90 минути на ден надвор, на пример, во шумска област, тоа ќе влијае на делот од мозокот кој е поврзан со депресијата, со цел да се намалат симптомите на оваа душевно растројство или нејзино спречување.

Јапонците практикуваат т.н. шумска бања (shirin-yoku). Овој третман е поддржан од страна на јапонската влада веќе десетина години.

“Човекот еволуцијски 99,9 проценти од времето поминувал во природната средина. Нашите физиолошки функции се адаптирани на оваа ситуација. Бидејќи човештвото еволуирало во природата, нашите тела најдобро се чувствуваат во неа”, објаснува д-р Јошифуми Мијазаки.

Напиши коментар