Убава, сјајна и мека како свила – со својата раскошна коса жените од Истокот од секогаш предизвикувале восхит и по малку завист кај нас. А знаете ли дека за да се грижат за неа, тие често употребуваат еден доста познат производ кај нас – киселото млеко!
Затоа, специјално за вас избравме неколку лесни и ефективни рецепти за домашни маски за коса од кисело млеко.
Најлесната маска, со која ќе го обновите блесокот и мекоста на прамените, како и едновремено да се спасите од првутот, е со едноставно нанесување на киселото млеко во корените и по целата должина на косата. Втријте добро и завиткајте ја главата со крпа. Измијте ја косата после 20-30 минути. Добро е да ја аплицирате оваа маска 2-3 пати седмично.

Неверојатна хранлива маска е следнава, приготвена од кисело млеко и квасец. Едноставно измешајте ¼ чаена чаша кисело млеко и една коцка квасец. Оставете да отстои некаде околу еден час за да се активираат процесите на ферментација, а после тоа нанесете ја смесата на корените и на цела коса. Оставете ја маската да делува еден час. Резултатите се феноменални!
