
Кападокија, во општина Гореме, е една од најпознатите туристички дестинации во Турција, каде што се спојуваат убавината на природата и историјата, формирајќи еден од најубавите пејзажи во светот, пишува Anadolu Agency (АА).
Овие денови, овој регион ги поприми најубавите бои на есента во кои уживаат голем број туристи од целиот свет. Посебно искуство за нив е што пејзажот од листата на светското наследство на УНЕСКО може да се види од балоните кои се главна атракција на овој турски град.
Временските услови во оваа област овозможуваат околу 300 дена во годината летање со балон. 2.100 луѓе живеат во Гореме. Се случува до 100 балони да летаат на небото наутро. Секој балон може да вози до 20 луѓе. Годишно Кападокија ја посетуваат околу 2,5 милиони туристи.
Луѓето низ историјата во Кападокија оставија трагови од сопствените цивилизации градејќи куќи во карпите и претворајќи ги во ремек-дела на човечката цивилизација.




