Мода

Лето во риги: Еве како да го носите дезенот кој е секогаш во мода

Секоја година, различен дезен стапува на сцена: цветен, точкаст, 3Д принт, африкански принт… Но, само еден дезен е вечен и секогаш популарен: шармантните риги!

Ги гледаме на модните писти и на црвениот тепих, а присутни се и низ нашите омилени бутици – безвременските риги. Актуелни и пред 100 години, и ден денес, ригите се совршени и за девојките кои ја следат модата, и за оние кои преферираат класични парчиња. Навидум едноставни, тие доаѓаат во различни бои и со различна дебелина на линиите, па комбинациите се бесконечни.

Летото е во полн ек, а тоа е периодот кога ригите се најактуелни. Инспирирајте се од следниве комбинации во морнарско сина, но и во други бои некарактеристични за морнарските риги, а сепак интересни:

Напиши коментар