← НАЗАД НА БОЗА

Љубовта и врската меѓу мајка и ќерка е нешто посебно!

Љубовта и врската меѓу мајка и ќерка е нешто посебно!
44 Читања

Ако вие и вашата ќерка отворено разговарате за сè, вклучително и за љубов, секс, излегувања, постојано контактирате по телефон, ја оставате сама да греши во животот, тогаш вие имате врска од типот „добри пријателки“.

Добра страна: Вашата ќерка полесно може да се поврзе со вас ако сте „кул“ мајка и ќе има желба да споделува проблеми, да ви поставува прашања поврзани со некои поделикатни теми, да зборува за пушење, алкохол, секс или дрога.

Лошата страна: Понекогаш вашата ќерка има потреба од строг мајчински совет, а не од добра пријателка. Ако постојано дејствувате како добра пријателка, нема да имате срце да бидете построги.

Мајката треба да влегува во повеќе улоги, од негувателка до учителка, а некаде на средината се наоѓа и улогата пријателка. Навистина е голем предизвик за секоја жена да најде баланс и да биде едновремено и добра мајка и добра пријателка. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го постигнете тоа:

  • Не ги избегнувајте табу темите. Мајките отворено треба да зборуваат со своите ќерки за сите теми како секс, љубов, дрога. Обично овие теми се избегнуваат, затоа што многу мајки не знаат како правилно да им пристапат на своите деца. Не треба да ја поддржувате вашата ќерка во нејзините лудории, туку да ја едуцирате на овие теми.
  • Не критикувајте. Ако започнете со критикување, бидете сигурни дека вашата ќерка повеќе нема да ви се обрати кога ќе има проблем. Ислушајте ја и потоа советувајте ја, посочувајќи го најдобриот начин да го реши проблемот.
  • Набљудувајте кои се нејзините интереси. Бидете љубопитни каква музика слуша, кои се нејзините омилени автори и филмови. Собирајќи повеќе информација за интересите на вашата ќерка, вие ќе можете полесно да ѝ се приближите и да најдете повеќе теми за разговор.
  • Бидете подготвени за нејзините пријатели. Кога знаете дека вашата ќерка има гости, не дозволувајте да имате несреден изглед. Ако сте пригодно облечени и со средена коса, вашата ќерка ќе се гордее што сте ѝ мајка. Бидете „кул“ мајка и одете понекогаш да поразговарате со нејзиното друштво, но само ако не ѝ смета тоа. Покажете ја вашата смисла за хумор и фрлете еден-два совети пред да излезете.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk