Motherhood

ЛОШИ НАВИКИ! Експертите објаснуваат зошто децата не сакаат зеленчук

Верувале или не, дури 80 проценти од децата во светот не сакаат да јадат зеленчук, покажа едно неодамнешно истражување.

Експертите тврдат дека ова е затоа што тие едноставно не се навикнати на неговиот вкус или затоа што самите родители немаат здрави навики во исхраната. Сепак, некои истражувачи ги оправдуваат децата за да не бидат осудени од страна на возрасните. Тие објаснуваат дека децата се раѓаат со повеќе од десет илјади рецептори за вкус, а со текот на времето нивниот број се намалува.

Просечниот возрасен човек има околу три илјади од овие рецептори, што значи дека децата го чувствуваат поинтензивно и посилно вкусот на зеленчук и друга храна од возрасните.

Научниците на овој начин се обидуваат да ја објаснат детската одбивност кон вкусот на зеленчукот, за родителите да престанат да ги тераат да го јадат она што не им се допаѓа по секоја цена.

Write A Comment