За некои домови, описот луксузен и необичен е сосема скромен, а еден таков е и оној сместен во елитна населба во Лос Анџелес.
Станува збор за импресивна куќа за која што идниот сопственик треба да издвои “само” 5.725 милиони долари.
Покрај беспрекорно уредениот ентериер, најневеројатниот детаљ е базенот сместен на врвот од куќата во кој што може да се ѕирне и од последниот кат, пред се затоа што плафонот во дневната соба е направен од непробојно стакло.
“Можете да си седите во дневната соба и да видите кој плива во вашиот базен горе. Ова дефинитивно е една од најинтересните и најпосебните куќи во светот”, изјавила Стела Зинберг, агент од компанијата која што ја продава оваа скапоцена недвижност.