Cafe Del Mar

“Магичното апчe” на фит луѓето

Дали може да бидете фит без многу напор? Одговорот  на ова прашање го дала Џен Атор, директорката на фитнес страната “Women’s Health”, а тоа е: Да, постои “магично апче”.

“За повеќе од осум години, времето кое сум директор на рубриката фитнес на  “Women’s Health”, сум имала повеќе од илјада дискусии за здрав живот, исхрана и фитнес совети во кои луѓето најчесто бараат еден единствен одговор, магично апче каде и самите магично ќе се променат. Мојот одговор на ова е секогаш ист – за вистинска промена, мора најпрво да го смените вашето мислење”- навела во една статија во која се потрудила максимално да го поедностави светиот грал за фит линија.

Едно е важно, а тоа е да живеете по правилата  на благостојбата. Тоа би значело дека промената на размислувањата и животните навики треба да ве доведе до подобра линија, повеќе сила, помалку стрес и поголемо целокупно задоволство. Сето тоа е возможно доколку се следат следните правила.

Бидете активни секој ден

Многумина мислат дека вистинските промени следат доколку интензивно вежбаат, а со тоа ствараат паника во главата. Наместо тоа треба да размислуваат во друг правец, односно дека на секој здрав организам му е потребно нешто едноставно како што е “да се биде активен секој ден”. Тоа би значело дека треба помалку да седите, а повеќе да се движите. Само три склека дневно или прошетка од десет минути се одлични за почеток. На крајот, фит личности не се оние кои се цело време во теретана, туку оние кои се во движење секојдневно.

Совет плус: Неколку склекови дневно нема да направи од вас бодибилдер, но ќе ви биде одлична мотивација.

Не се откажувајте од старт

Многумина се откажуваат од фит живот, бидејќи буквално се утепуваат тренирајќи мислејќи дека само така може да постигнат резултати, но не се свесни дека интензивното вежбање без доволно одмор може да има контраефект врз здравјето. Пренапорното вежбање се повеќе се поврзува со неговите контаефекти – а тоа се: стресот, хормоналниот дисбаланс, вишокот масни наслаги, умор , болест….

Совет плус: Оптимално е затоа клучен збор на луѓето кои се фит и најлесна мотивација да продолжите, а притоа и да уживате во фит животот.

Внимавајте зошто јадете

“Приметивте ли дека наместо што го употребив зборот зошто?” – го поставила Џен како прашање, по што веднаш добила одговор. Многумина јадат кога не се реално гладни, а тоа е главната причина за лошата линија или лошата здравствена состојба на организмот.Поради тоа, освен на големината на порциите и изборот на намирници, би требало да внимавате и на тој фактор “зошто”, бидејќи повеќето луѓе јадат кога се тажни, депресивни или ако претходниот одброк им ги уништил очекувањата.

Поради тоа ако осетите потреба за храна, а притоа таа потреба да нема поврзаност со вистинска глад, најдобро е да ја отсраните причината. Кога сте депресивни, поработете на дишењето, опуштањето и медитација од кои ќе имате повеќе корист отколку утехата со храна.

Совет плус: Ако ви фали благо користете засладувачи, така ќе бидете позадовлни и вие и вашето тело.

Повеќе уживајте во брзата храна

“Брза” во овој случај значи здрави оброци кои може да се направат едноставно и брзо, само потребна ви е подобра организација. Здравата храна се припрема многу брзо и лесно, месо на скара, динстан зеленчук, а за да направите супа не ви треба повеќе од дваесетина минути. Остатокот од вечерата секогаш можете да го спакувате за ручек на работа и така да ја избегнете пекарата.

Совет плус: За да може да си дозволите грешка од типот на коцка чоколадо, малку пица, омилениот газиран пијалок, бидејќи како што знаете вечерва или утре ќе јадете она што сте го зготвиле. Тоа ќе ви даде мир и чувтсво дека не сте на погрешен пат.

Write A Comment