Новости

Мајли Сајрус и Лиам ја одложиле венчавката бидејќи таа не сака деца?

Последните неколку месеца и не се сложуваат најдобро, изјавил нивен пријател. Мајли не ни сака да се омажи. Сите го гледаат тоа освен Лиам.

Пејачката Мајли Сајрус (25) и глумецот Лиам Хемсворт (28) ја откажале венчавката бидејќи не можеле да се договорат кога ќе имаат деца.Глумецот сака да се смири и да стане татко, додека пак Мајли нема таков план, рекол извор за Daily Mail.

Минатата година пејачката изјавила дека бракот не е за нејзе и дека има уште многу да проживее. Тоа го гледаат сите освен Лиам. Семејството го моли да ги отвори очите во врска со Мајли.

До сега неколку пати ја прекинувале врската па ја обновувале. Најпрво во 2012 година се вериле за следната година да ја раскинат врската. Тогаш глумецот признал дека многу му е тешко но дека времето поминато заедно сакале различни работи и дека по тоа следело прекинувањето на врската.Се смириле дури во 2016 година, за сега повторно врската да биде на стаклени нозе.

Ниту еден од нив јавно не потврдил дека раскинале, но Мајли ги избришала сите заеднички фотографии од нејзиниот Инстаграм профил. Таа моментално е во Малибу со семејството, додека Лиам е во родната Австралија.

Напиши коментар