
Најверојатно забележавте дека 2018. година ја означија повратните трендови на 1970-тите, 1980-тите и 1990-тите години.
Освен модните, се вратија и make-up трендовите за кои мислевме дека одамна се заборавени.
Избравме за вас неколку најпопуларни трендови кои добија повратнички статус:
- Сјај за усни
По долгото владеење на мат кармините, сјајот е повторно во мода. Иако се уште сакаме кармини со мат финиш, сјаевите повторно ни станаа фаворит, бидејќи освен што ги хидратираат усните, ги прават визуелно поголеми и посочни.
- Кармин во боја на костен
Големиот make-up тренд од деведесетите години е повторно тука! Оваа сезона повторно се носат сите нијанси на кафеавата боја.
- Ефективни сенки
Ова лето најмногу се носеа сината или зелената сенка, а есента ја донесе бојата на цветот на јапонската цреша која многу лесно ја разбива монотонијата на пригушени и неутрални тонови.
- Розево руменило
За свеж и одморен изглед ова впечатливо руменило е идеален избор. По многугодишно владеење на руменилото со боја на праска, на ред дојде вистинското освежување со розеви тонови.
