← НАЗАД НА БОЗА

Мал, но шик стан за млади кој секој би го посакал!

Мал, но шик стан за млади кој секој би го посакал!
226 Читања

Овој мал, но шик стан се наоѓа во Русија и е дизајниран од страна на уметничката и дизајнерка Наталија Акимова.

За основните бои Наталија го избра класичниот контраст на црна и бела боја. Деталниот дезен на ѕидот и некои детали во бојата му даваат на просторот личност и шарм.

Палетата на бои ги поврзува просториите и овозможува чувство на протокот и континуитет во станот. Поради тоа, се чини дека станот е поголем отколку што е.

Просторот од ходникот се надоврзува на кујната и трпезаријата кои се соединети и зрачат со топлина. Спалната соба е одвоена со скриен простор за складирање и полици кои се стопуваат со позадината. Интересната стаклена врата го сокриваат просторниот ормар. Малото, но компактно купатило има висечки садопер кој се чини како идеално решение за мал простор.

Во малите станови мора да се внимава на многу детали, а овој стан навистина е добро замислен. Дури и ова едноставно уредување е одлично за млади и активни лица.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk