
Многу жени ги нервира тоа што карминот остава траги на чашите, забите или облеката.
Постои начин усните да ви бидат истакнати и понатаму, а да ги избегнете овие несакани „пропратни ефекти“ со помош на хартиено марамче и пудра.
Ниедно парче шминка не е толку ефективно како црвениот кармин. Но неговата маана, воглавно е, што остава траги на чашите, забите или облеката, па многу девојки го избегнуваат. Но, не не е секогаш така, доколку се користите со трик.
Постапката е следна – штом црвениот кармин го нанесете на усните, врз него залепете тенок слој хартиено марамче, преку кое ќе нанесете пудра во прав.
Бројте до 60, па кога ќе “истече” минута, лесно извадете го марамчето. Карминот ќе биде “зацементиран” и нема да може да остава флеки, но и понатаму ќе биде убав и ефективен.
