Поради својот состав, тиквата има многу корисно дејство врз убавината.
Таа содржи мноштво витамини – А, Ц и Е, кои се погодни за кожата и ги спречуваат првите знаци на стареење. Содржи и цинк, калиум и антиоксиданти кои ја смируваат и хранат кожата.

Кога доаѓаат есента и сезоната на тиква, често на нашата маса има топла супа од тиква и вкусни пити. Но, предлагаме да ја искористите тиквата на поинаков начин оваа есен.
Како да ја вклучите тиквата во вашата beauty рутина?
Подгответе освежувачка и хранлива маска од кората на тиквата која ќе ви обезбеди убава, здрава и сјајна кожа. Најдобро е тоа што е лесна да се направи, а вие веќе ги имате состојките дома.
Што ви е потребно?
- Две лажици кора од тиква
- половина лажичка мед
- половина лажичка млеко или јогурт
Подготовка и употреба:
Измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса и нанесете ја со прстите на исчистеното лице. Можете исто така да ставите од маската на деколтето и вратот – во тој случај, двојно треба да го зголемите количеството на состојки.
Оставете ја маската да стои околу 20 минути.
Нежно отстранете ја со влажна крпа, потоа измијте го лицето и намачкајте го со хранлив крем.
