← НАЗАД НА БОЗА

Матични клетки

Матични клетки
27 Читања

Што се матични клетки?

Матични клетки се основните клетки на нашиот организам, од кои се создаваат сите остaнати клетки, органи и човечки ткива. Човековото тело во себе има преку 200 видови зрели клетки, а секоја врска има своја карактеристичност и специјализирана функција.

Кога се раѓа бебето матичните клетки ја завршиле својата задача на создавање на бебешкиот организам и остануваат во телото како резерва која служи за обнова и замена на оштетените и остарените клетки и ткива во текот на целиот живот.

Една од најважните особини на матичните клетки е можноста за rегенерирање. Друга важна особина на матичните клетки е нивната способност да се претвораат во било кој тип клетки. Тоа значи дека имаат неверојатна способност не само сами себе да се регенерираат туку и да создаваат нови ткива во текот на нивната поделба и развој.

Нивната способност да произведуваатразлични врсти специјализирани клетки ги прави единствени, неповторливи и моќни за медицинската терапија.

Матичните клетки се наоѓаат во папочната врвца, коскената срж и префинетата крв. Матичните клетки кои се наоѓаат во крвта и ткивото од папочната врвца се најмлади, најквалитетни бидејќи се стари само 9 месеци и се заштитени во текот на бременоста од различни болести. Токму поради тоа породувањето е единствена и неповторлива прилика за собирање на матични клетки од крвта и ткивата на папочната врвца.

Како матичните клетки го спасуваат животот?

Моментално матичните клетки се стандардна терапија за преку 70 различни болести како што се разни врсти на анемии, лимфоми, метаболички пореметувања и сл. Напредната медицина има спектар на можни терапии во кои тие може да се користат и во иднина. До сега се направени преку 25 000 трансплатации на матични клетки. Во светот моментално се спроведуваат над 4300 клинички студии кои ветуваат успешни резултати за користење на матични клетки во терапиите и за многу други тешки болести како што е церебрална парализа, мултиплекс склероза, дијабетес тип 1, разни врсти на карциноми и друго.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk