Убавина

Мед и маслиново масло за коса

Измешајте еднакви делови на рафинирано маслиново масло и мед. Нанесете ја смесата на косата почнувајќи од краевите, напредувајќи кон коренот.

Високите температури и солената вода негативно влијаат на косата. За да ја негуваме, освежиме и да и го вратиме сјајот, се советува маска од маслиново масло и мед. Измешајте еднакви делови на рафинирано маслиново масло и мед. Нанесете ја смесата на вашата коса почнувајќи од краевите, напредувајќи кон коренот на косата. Свиткајте ја косата во пластична кеса или капа, и на крај покријте ја косата со топол пешкир. Оставете ја маската на косата околу 30 минути, потоа исперете  ја косата. Медот содржи витамини и на косата и дава сјај, а маслиновото масло го отстранува проблемот со сувите краеви.

Напиши коментар