Медот е полн со антиоксиданти и хранливи материи кои делуваат на фоликулите и го стимулираат растот на косата.
Што и да влијаело на вашата коса за да стане сува (сонце, прекумерна употреба на фенот, морска вода), знајте дека постои лек за тоа. Еднаш неделно на вашата коса ставајте домашно направена маска од 1/4 чаша мед и малку свежа вода.

Држете го за половина час, а потоа исплакнете со топла вода. Медот е полн со антиоксиданти и хранливи материи кои делуваат на фоликулите и го стимулираат растот на косата.
Ако додадете 1/2 чаша мед 1/4 чаша маслиново масло, видно ќе го освежите и коренот и врвовите на косата. Смесата малку загрејте ја и нанесете ја како што правите со шампонот.
Но ако додадете 10 лажици оцет на 1/4 чаша мед, смесата нанесете ја на вашата коса, оставете ја да делува 15 минути и потоа исплакнете со топла вода, ќе забележите дека косата ќе стане сјајна. Оваа маска исто така делува како природен регенератор.
