← НАЗАД НА БОЗА

Меган Маркл гo покажа трудничкиот стомак

Меган Маркл гo покажа трудничкиот стомак
132 Читања

Поранешната актерка, 37-годишната Меган Маркл, се појави на доделувањето на наградите како изненаден гостин.

Сите беа изненадени кога на доделувањето на модните награди во Лондон се појави и војводката од Сасекс, Меган Маркл. Таа е член на кралското семејство, но не може да му одолее на црвениот тепих.

Поранешната актерка, 37-годишната Меган Маркл, настапи на доделувањето на наградите како изненаден гостин.

Беше тука поради креаторката на Живанши, Клер Вајт Келер, која ја дизајнираше венчаницата што ја носеше Меган на свадбата со Хари.

Меган ја имаше таа чест да ја прогласи Клер за најдобар креатор на годината и да и ја врачи наградата.

Прекрасната трудница носеше црн фустан на една прерамка, собрана коса и препознатлива насмевка на лицето.

Со рацете го придржуваше трудничкиот стомак, кој е се повидлив.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk