← НАЗАД НА БОЗА

Miami Beach и останатите рајски плажи на Флорида

Miami Beach и останатите рајски плажи на Флорида
22 Читања

Со снежно бели плажи, куќи во боја на бонбончиња и релаксирани забавни паркови, американскиот југ претставува вистински празник за очите.

Поради плажите долги повеќе од 1.700 километри, сонцето кое грее 365 дена во годината и просечната температура на морето од 20-27 степени, Флорида со право се нарекува Sunshine State (сончева држава), па затоа не не чуди што претставува вистинската дестинација за оние кои не ја сакаат зимата.

Плажите помеѓу Форт Лодердејл и Мајами се сметаат за едни од најубавите во светот. Петнаесет километри долгата плажа Miami Beach е рај за љубителите на сонцето и пливањето. Најдобро е да го разгледате Мајами од отворен автобус  (билетот чини 4.20 долари) и да уживате во шарените згради во стилот на арт деко по должината на булеварот Ocean Drive, а потоа да одите на шопинг во модерната шопинг зона.

На периферијата започнуваат мочуриштата на Everglades, еден од најголемите национални паркови во светот, а турата за посета на оваа атракција во посебен чамец-амфибија го претставува врвот на авантурата. Во овој парк можете да пробате хамбургери од алигатор, да купите предмети направени од нивната кожа и да се сликате со бебе алигатор. Инаку, Мајами е еден од ретките американски градови каде што можете да пиете вода од чешма – благодарение на изворите со свежа вода во Еверглејдс.

Во оваа сончева земја сè е преодредено за уживање и забава, па затоа не пропуштајте да го посетите забавниот парк во Орландо, со многу различни содржини – од светот на Волт Дизни, преку Хогвортс на Хари Потер, се до водените атракции кои вклучуваат настапи со орки … Копнениот дел на Флорида завршува со долгред на острови, а последниот е Ки Вест, кој е најјужната точка на САД.

Во нашата галерија, со помош на фотографии прошетајте низ Флорида.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk