Убавина

Мијте го лицето со овесни снегулки и вашата кожа ќе ви биде благодарна

Овесните снегулки не се само корисни за конзумирање (одлични се за прочистување на цревата од токсини), а исто така се многу корисни за козметички цели. Секојдневното миење на лицето со овесни снегулки помага да се отсрани мрсниот сјај од кожата, акните и ситните брчки.

За да го направите тоа ќе ви биде неопходно:

Земете овесни снегулки и малку иситнете ги. Ставете ги на дланката и држете ги под вода 20 секунди.

Потоа, многу нежно, без гребење на кожата, 2-3 минути втривајте ги на кожата на лицето, вратот и деколтето. Подрачјето околу очите само намачкајте го, не го триете. На крајот, измијте го лицето со млака вода.

Лесно и едноставно, зарем не?

Но доколку имате проблематична кожа, нема веднаш да забележите чудо. Овесните снегулки ќе успеат да ги решат сите проблеми на кожата – акните, бубулиците, инфекцијата…, но на почетоткот ефектите можат да бидат придружени со чешање, лупење на кожата, зголемување на бројот на бубулиците…

Но нема причина да се плашите. Кожата мора да се исчисти. Во овој случај , не го прекинувајте секојдневниот третман на миење на лицето со овесни снегулки. Чудо ќе се случи, но малку подоцна.

Да напоменеме уште еднаш: по третманот на миење на лицето со овесни снегулки, може да дојде до црвенило и блага иритација на кожата. Но, тоа е само привремено. По 1-2 недели кожата ќе се исчисти, ќе стане нежна и мазна.

 

 Umivajte se sa ovsenimm pahuljicama

Write A Comment