Мојата кујна

Мила торта

Вкус кој буди зависност!!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:

8 жолчки

250 грама шеќер

1 лимон

140 грама брашно

За фил:

0,5 децилитри млеко

2 супени лажици брашно

140 грама путер

140 грама ванилин шеќер

100 грама бадеми

За декорација

150 грама сечкани и пржени бадеми

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете ги жолчките и шеќерот, додадете го сокот и изренданата кора од лимон. Потоа додадете го брашното, добро измешајте и разлијте го тестото во подмачкан и избрашнет плех за печење.

Печете 30 минути на 180 степени Целзиусови.

За тоа време подгответе го филот. Млекото сварете го на умерена температура. Кога ќе почне да врие додадете лажица по лажица брашно со постојано мешање, за да не дојде до создавање на грутки. Кога филот малку ќе се згусне тргнете го садот од оган и оставете го да се олади. Пенасто изматете го путерот и шеќерот. Добиената смеса додадете ја во оладеното млеко и добро измешајте. Филот е спремен.

Оладеното тесто исечете го на 3 дела, а филот поделете го на 3 по волумен исти дела. Врз сад за торта ставете пандишпан па фил…завршете со фил, филувајте ја целата торта. Тортата посипете ја со исечканиот пржен бадем и до сервирање чувај те ја во фрижидер.

Уживајте во вкусот!!!

Write A Comment