Sweet Home

Модерен дом со интересни решенија

Оваа модерна куќа е изработена во Полска од страна на архитектите Метаформа. Куќата се темели на принципите на геометрија и е составена од два дела, две “коцки”. Во поголемата коцка се сместени дневната и спалната соба, додека во помалата се сместени гаражата и теретаната.

Куќата е дизајнирана во согласност со активниот животен стил на нејзиниот сопственик. Дневната соба е сместена на приземје заедно со просторот за дружење. Спалните соби се наоѓаат на повисокиот спрат, што овозможува поголема приватност.

Во куќата има и необичен вински подрум. Дрвени даски ставени помеѓу редовите цигли, а служат како простор за складирање на шишиња вино.

Фасадата е прекриена со црна бука премашкана со заштитна слој против корозија. Дел од фасадата е покриен и од конструкција која имитира дрво, а за разлика од природниот материјал не бара дополнително премачкување.Темниот детал во облик на метални прозори го комплетира целиот концепт.

Write A Comment