Sweet Home

Модерен начин на уредување на мали тераси

Уредувањето на мали тераси никогаш не е лесена задача, па ќе Ви посочиме неколку совети за да креирате вистинско уживање.

Мебел и аксесоари

Најдобро решение за мали тераси е мебел на расклопување, на пример столици и маси на склопување, кои се најнеопходните реквизити за да направите мали зони за седење. Исто така може да е добро дојдена и опцијата за “Г” гарнитура која би ја надополниле со 1 до 2 столциња.

Земете високи столчиња, кои зафаќаат помал простор а сепак е удобно седењето. Креативно, а удобно и практично решение се плакарчиња кои во исто време може да бидат и столици за седење.

Во однос на аксесоари, освен осветлувањето кои го има на сите балкони да го надополните екстериерот со свеќи или дополнителни ламби. Ставите тепих и неколку перничиња во слична боја за да креирате гостопримлив амбиент. Немојте само да претерате за да не изгледа премногу кич.

Растенија

Цвеќињата во саксија се клучен елемент од екстерниот простор. Даваат чувство како да сте во градина и делуваат релаксирачки и освежувачки. Може да поставите колку сакате саксии со цвеќе, дури и да закачите саксии на ѕид никогаш нема да изгледа пренатрупано.

Напиши коментар