← НАЗАД НА БОЗА

Модерна доградба на стара куќа – интригантно ремек дело !!!

Модерна доградба на стара куќа – интригантно ремек дело !!!
289 Читања

… Кое ќе направи да го засакате Вашиот дом… Уште повеќе !!!

Интригантната архитектонска комбинација која ја дефинира куќата во Chester County, Филаделфија, Сад – навистина со право ќе го задржи Вашето внимание.

Имплементиран од страна на архитектонското студио Wayant Architecture од Филаделфија, овој проект се состои од дограден дел со современ дизајн, покрај постоечката куќа од 18 век.

Постоечката куќа, со своите широки дрвени обложени подови, рустикален камин и интимни соби им се допаднала на станарите, но им недостигал современ простор и погодности кои ги овозможува современиот начин на живот, а просторот бил слабо отворен кон преубавиот амбиент.

Новата резиденција ги исполнува овие цели со адаптација на веќе постоечките структури, претварајќи ги во куќна канцеларија и спални соби за деца. Самиот додаток вклучува огромна семејна соба и делува како „ мост “ кој ги насочува станарите кон новата тераса.

Богата со природни светла и различни материјали, секоја соба ја краси пријатна атмосфера…

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk