← НАЗАД НА БОЗА

Модерни и шик еспадрили

Модерни и шик еспадрили
225 Читања

Еспадрилите датираат уште од праисторијата, бидејќи ѓоновите од јута и воопшто, ѓоновите изработени од природни материјали биле единствениот можен избор во тоа време.

Сепак, препознатливата форма која сите ја знаеме денес ја добиле во 13-ти век во Шпанија и биле обувки кои ги носеле работниците па полека се проширувале низ светот, сè додека еден моден визионер не добил идеја да им додаде потпетици.

Ив Сен Лоран е човекот на кого треба да му заблагодариме за иновативниот дизајн и популарноста која тие ја добиле.

Еспадрилите се омилените обувки на голем број луѓе токму заради нивната практичност и удобност.

Ова лето, како и секое претходно, тие се повторно во мода.

Во продолжение погледнете ги најубавите еспадрили за ова лето и обидете се да се воздржите и да купите само еден пар.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk