← НАЗАД НА БОЗА

Мудрости на кои не научија нашите баби и дедовци

Мудрости на кои не научија нашите баби и дедовци
180 Читања

Веројатно многу пати до сега сфативте дека внуците се најголемата радост во животот на бабите и дедовците. Се сеќавате на времето кога цело лето го минувавте кај нив? Се сеќавате дека тоа ви беше омилениот дел од детството?

Додека растевте, тие секогаш беа покрај вас, будно ви го следеа секој чекор низ животот. И токму тогаш ве научија на мудрости кои дури денес ги разбравте:

1. Секогаш следете го срцето, само преку љубовта ќе бидете среќни и ќе водите исполнет живот.

2. Заблагодарувајте се на сите оние кои ви помогнале, верувајте во себе и во Бога, вербата секогаш ве носи чекор понапред од другите.

3. Комуницирајте повеќе со вашиот партнер/партнерка, тоа е рецепт за добра врска и одличен брак.

4. Тоа што сте го научиле, споделете го со следната генерација.

5. Уживајте во природната и здрава храна, само така ќе имате здраво тело.

7. Секогаш бидете искрени кон себе и кон останатите.

8. Тоа што било – поминало, нема враќање назад.

9. Разочарувањето во љубовта ќе се излечи со ново заљубување.

10. Не заборавајте колку вредите.

11. Не потклекнувајте и зачувајте си ги гордоста и достоинството.

12. Пријателите доаѓаат и си одат, но семејството секогаш останува.

13. Вашите браќа и сестри се најголемото богатство што го имате.

14. Не пропуштајте ниту ден од младоста, искористете ја најдобро што можете и умеете.

Нашите баби и дедовци секогаш ќе имаат посебно место во нашиот живот. Што вас ве научија овие луѓе?

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk