Мојата кујна

Мусака од блитва

Потребни состојки:

4 китки блитва или спанаќ

1 главица кромид

400гр. мелено месо

2 јајца

1 павлака

1кг. компир.

Сол, бибер, млеко.

 

Начин на подготовка:

 

Да се измие зељето, да се искине на ситни парчиња и да се отстрани дебелиот дел, да се потопи во врела вода а во меѓувреме да се издинста кромидот, месото, малку да се пропржи, да се додаде сол, бибер и зачини по желба.

Може да се додадат и 2 лажици ориз. Компирот да се излупи, да се исецка на кришки и да се нареди одозгора, прво се посипува една шољичка вода, па се редат намирниците по следниов редослед – компир , зеље, месо , зеље и на крај компир. Да се измати павлака со 2 јајца, шољичка вода и шољичка млеко, добро да се измеша , да се прелие преку мусаката и да се стави во врела рерна и да се пече еден час. Мусаката е готова кога компирот ќе омекне и ќе порумени.

Напиши коментар