← НАЗАД НА БОЗА

НА ОВОЈ НАЧИН цела зима можете да ја поминете здрави

НА ОВОЈ НАЧИН цела зима можете да ја поминете здрави
86 Читања

Двапати годишно, во пролет и есен, треба да го зголемиме внесот на витаминските додатоци.

Уште сега треба да започнете со внесување витамини, бидејќи кога ќе се разболите, веќе е доцна. Тешко е да ги внесете потребните витамини и минерали преку храната поради тоа што е премногу обработена, а начинот на кој ја подготвуваме го поништува нивнотот делување.

Во времето на вируси на грип треба да се обрне внимание на внесот на витамини од Б-комплекс групата, кои на телото му ја враќаат енергијата и го обновуваат нервниот систем и со тоа го зајакнуваат целиот имунолошки систем на организмот. Посебно внимание на внесот на витамини и минерали треба да обрнат спортистите, бремените жени, луѓето со дијабетес и оние со зголемено ментално и физичко оптеретување.

Исто така, потребно е да се воведат промени во начинот на исхрана, бидејќи премногу шеќер буквално го убива имунолошкиот систем, а минералите, особено цинкот, железото, магнезиумот и селенот, играат важна улога во подигнувањето на имунитетот.

За секојдневно да ја добиете потребната доза на витамини и минерали и природно да го зајакнете имунолошкиот систем и на телото да му обезбедите енергија, изблендирајте киви, портокал, половина лимон, половина банана и една лажица мед.

Ако сте љубител на овошје и зеленчук, на овој напиток за зајакнување на имунитетот додадете му малку зелен лиснат зеленчук, кој е богат со минерали, а кои, заедно со витамините од овошјето, прави одлична комбинација за имунитет.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk