← НАЗАД НА БОЗА

Најбрз начин да ослабете: 4 едноставни вежби кои ги топат калориите!

Најбрз начин да ослабете: 4 едноставни вежби кои ги топат калориите!
102 Читања

Четири едноставни вежби кои траат по минута за брзо отстранување на вишокот килограми…

Доколку секој ден издвоите само четири минути за овие едноставни вежби, ќе успеете да се ослободите од вишокот на килограми многу брзо, како и ќе ги согорите сите вишок калории кои сте ги внеле во текот на денот!

Познатиот американски фитнес тренер Џим Серјет разработил соодветна метода за брзо слабеење за сите они кои немаат многу време за тренинг. Овој тренер ги смета традиционалните вежби за неефикасни, додека неговите вежби овозможуваат согорување на 600 калории за само 4 минути, ако ги правите како што треба.

Ако се чувствувате дека сте во добра физичка форма, може да ви требаат само 2 минути. Овие 4 минутни вежби може да ги правите секојдневно – вели Сејрет.

Тренерот ги има смислено овие вежби за луѓе кои седат доста во текот на денот, а во теретана се уморуваат после неколку минутно вежбање. За вежбиве da ви станат навика пробајте да ги правите заедно со останатите членови од семејството.

#Jumping Jacks

Се работи за скокови со раширени раце и нозе. Скокнете раширете ги рацете и нозете и моментот пред да стапнете на земја повторно соберете ги. Доволни се 10 повторувања од вежбата.

#Длабоки клекнувања

Застанете така што стопалата да ви бидат во иста линија со рамената. Рацете исправете ги пред себе, на висина на ниво на очите, па направете длабоки клекнувања. Водете сметка во текот на клекнувањата да не ги оптеретите колената – целата активност да ја извршуваат нозете и задникот, додека колената треба да мируваат. Направете 10 клекнувања.

#Склекови

Потрудете се сконцентрирани да направите 10 склекови. Доколку стандардните склекови ви се тешки, направете ги на ѕид, наместо на подот.

#Чекор напред

Направете чекор напред со левата нога и клекнете на десната, потоа обратно. Направете по 10 повторувања на секоја нога, вкупно 20.

Сејрет препорачува да го направите овој мини комплекс вежби секој пат кога ќе имате време, минимум еднаш неделно. Вежбите може да ги направите по 4 пати непрекинато. Помеѓу повторувањата може да направите пауза од 1 минута, така што овој мини комплекс вежби може да се претвори во 20 минутен тренинг. Тој вели дека напорните тренинзи во теретана се за они луѓе кои сакаат да имаат дефинирана форма, а ако сакате да изгледате само витко и младо и да се чувтсвувате одлично, тие 20 минути ќе ви бидат сосема доволно.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk