Хотелот Emirate Palace во Абу Даби е проценет на три милијарди евра и се смета за најскапата зграда од 2005 година, кога е отворена.

Во ходниците, собите и лобијата има повеќе од илјада лустери со Сваровски кристали, кои го издвојуваат неверојатниот златен таван.
Сепак, по повеќе од десет години од отворањето за одржување на хотелскиот полн сјај, е задолжен Маној Куријакос, инженер од јужна Индија.
Тој и неговиот тим се задолжени за одржување на 2.000 квадратни метри од декоративниот таван украсен со златни и сребрени ливчиња од 22 карти. Златниот лист обично трае само четири до пет години, па постојано се заменува.
Речиси 50 златни листови се потребни за еден квадратен метар, што чини околу 100 долари, а замената на сите листови чини 130 илјади долари годишно.
Тенки плочи од чисто злато се увезуваат од Италија, а потоа се притискаат и удираат помеѓу страните на финиот пергамент додека не станат уште пофини. Кога листот е подготвен за нанесување, таванот се премачкува со црвена боја, а потоа се користи специјален лепак за нанесување на златниот лист.
“Сè е толку деликатно, па мораме да бидеме многу внимателни. Тие се многу тенки и можат да се скршат дури и ако вашиот прст само малку го поместите ”
Штом дизајнот е завршен, се нанесува заштитен слој кој ги штити.
Бидејќи зградата на хотелот е долга повеќе од еден километар од исток кон запад, Киријакос ја опишува работата како “процес кој никогаш нема да заврши”.


