← НАЗАД НА БОЗА

Најдобар изглед: 6 најдобро облечени познати дами на ревијата на Chanel

Најдобар изглед: 6 најдобро облечени познати дами на ревијата на Chanel
40 Читања

Во Њујорк се одржа Chanel Métiers D’Art ревијата за колекцијата за 2018/19 во МОМА.

Се наоѓаме во екот на сезоната кога дизајнерите ги презентираат нивните пред-есенски колекции.

Откако Версаче не „купи“ со својот магнетен сексипил на првата ревија на италијанската куќа во Њујорк, и дојде ред и на ексклузивната Chanel Metiers D’Art колекција, која секогаш изгледа драматично, уникатно и донекаде костумирано.

За оваа пригода, можеби најпопуларниот и најомилениот музеј на Њујорк – The Metropolitan Museum of Art (MOMA) беше трансформиран во Египет кој беше главната инспирација за Карл Лагерфилд.

Се разбира, ова придонесе за големиот број на модели да изгледаат како “фараони” сите со мал број на златни моменти кои ја одбележаа колекција во кои видовме и неколку машки модели предводени од пејачот Фарел. С

è се вртеше околу златото: од шеширите преку пердувестите детали до длабоките чизми и обетки со облик на лустер.

Материјалот кој доминираше беше твидот, но исто така и тексасот што е се повеќе застапен во колекциите на Шанел.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk