← НАЗАД НА БОЗА

Најдобри дестинации за зависниците од храна

Најдобри дестинации за зависниците од храна
47 Читања

Дали вие сакате одлична храна? И ние ја сакаме! Затоа, составивме листа од нашите омилени дестинации за останатите љубители на храна. Проверете ги нашите топ 5 дестинации за зависници од храна.

Tokyo, Japan

Токио може да се пофали со најмногу ресторани со Michelin ѕвезди во Јапонија и е исполнет со елегантни ресторани, каде што секое кулинарско задоволство е поизвонредно од претходното. Ќе дојдете до заклучок дека во овој напреден град кујната е подеднакво добра без разлика на цената- уличната храна е толку скапоцена исто како што е и уживањето во ресторанот. И не заборавајте да пробате суши бар, додека сте таму!

Искусете го: За иновативно префинета вечера пробајте го Tapas Molecular Bar за молекуларна гастрономија; за опција со поумерени цени пробајте го високо ценетиот суши бар Yamazaki.

New Orleans, USA

Луизијана, наречена “Big Easy”, е дом на културата во државата, а кујната е исто толку извонредна како музиката и фестивалите. Влијанието на француското минато е непогрешливо во прекрасната креолска храна во Луизијана, како што се beignets и crawfish étouffée. Особено љубителите на морска храна ќе бидат воодушевени од опсегот на достапни опции, вклучувајќи ги и вкусните школки на скара, пржени шкампи и свеж јастог.

Искусете ги: Café du Monde за beignets, Acme Oyster House и Drago’s Seafood Restaurant за морски плодови и Commander’s Palace Restaurant за gumbo.

London, England

Гастрономски задоволства со голема разновидност можат да се најдат во Лондон. Дури и готвачите кои се оценети од Мишелин се согласуваат дека Лондон, поради својата низа на исклучителни опции, веројатно го отфрлил Париз од тронот за да стане новиот кулинарен главен град во светот. Од виетнамска до индиска до карибска и храна за која што никогаш не сте слушнале претходно, сето тоа можете да го најдете во Лондон.

Искусете ги: За haute cuisine пробајте го Artesian Bar во Langham. За fusion cuisine пробајте го ресторанот Азија де Куба, и за уникатно искуство со скара пробајте го Smokestak. 

New York, USA

Земете залче од Големото Јаболко! Вечерајте во престижни ресторани или пробајте ги закуските во бистроата со умерени цени во градот што секогаш поставуваат трендови. Со луѓе од секоја националност што живеат во овој град што не спие, можете да бидете сигурни дека ќе најдете богатство на кулинарски искуства од класичната европска сцена до зачинетата мексиканска храна до корејска скара!

Искусете ги: Пробајте го стилскиот Cosme ресторан кој има Мишелински ѕвезди за прекрасната мексиканска храна. За помал буџет пробајте го Wookijip, ресторан за автентична корејска храна.

Sydney, Australia

Откако се појави како град сериозен за одржување на својата репутација за културна кујна, Сиднеј ја зајакнува оваа репутација со подобрување на својата гастрономска сцена секоја година. Ќе најдете иновативни, прогресивни готвачи и елегантни ресторани кои создаваат кулинарски ремек-дела за ваше задоволство. Само не заборавајте да го измиете сето тоа со шише шираз за целосното Aussie искуство.

Искусете ги: Quay има модерен австралиски вкус со азиски шмек. Исто така, проверете го est. and Oscillate Wildly за пофино кулинарско искуство.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk