Art & Crafts

Најдобри места за нанесување на парфемите

Топлината може да има лош ефект врз парфемите, особено ако тие не се јаки. Затоа секој треба се обиде за да најде начин, како да им трае подолго парфемот. Исто така, мора да сте слушнале за митот дека со парфемот треба да прскате на таканаречените “пулсирачки точки”. Многумина тврдат дека парфемот се шири подобро на овие места, бидејќи пулсирањето на срцето испраќа мирисни бранови од вашата кожа. Сепак, мораме да кажеме дека ова е сосема погрешно. Парфемот во овие места побрзо ќе испари, бидејќи кожата е потопла и затоа овие места треба да се избегнат. Кога на топлината и се додава топлината на сонцето, тогаш мирисот исчезнува уште побрзо.

,

Сепак, постојат места кои се покажаа како најдобри за прскање парфеми за време на топлите денови. Истражувањата покажа дека мирисот на парфемотот ќе трае подолго ако прскате на градите, со парфемот треба да прскате на кожа, мирисот ќе помине низ отворените места од вашата кошула. Тоа значи дека  ќе се чувствува во вратот, стомакот и под пазувите, бидејќи има отвори каде што мирисот ќе излезе. Сонцето, исто така, нема да има директен ефект врз парфемот, што ќе му овозможи да остане свеж и долготраен.

Сепак, покрај градите, косата се покажа како одлично место за прскање. Ако прскате парфем на вашата коса или на друго место каде што имате малку повеќе коса, парфемот ќе се почувствува повеќе, бидејќи ќе остане подолго на косата.

Ова е особено добра вест за мажите кои имаат влакнести гради, бидејќи комбинацијата на кожата на градите со коса ќе создаде совршен амбиент кој ќе ви овозможи  парфемот да трае во текот на целиот ден.

Напиши коментар