← НАЗАД НА БОЗА

Најдобри природни чистачи на организмот

Најдобри природни чистачи на организмот
464 Читања

Ви ги претставуваме најдобрите детоксикатори –  намирници кои ќе го исчистат вашето тело од токсините и ќе ви ја врати вашата виткост и виталност.

Лимон

 

Детоксикацијата со лимонот се темели на зголеменото внесување на природен лимонов сок – лимонада – но исто така вклучувајќи го овошјето, мешунките, јаткастите плодови, рибата зеленчукот и зрнестата храна. Поради тоа ова не спаѓа во таканаречената монодиета во вистинската смисла на зборот. Иако може да се случи и губење на тежината ( од 600 грама до 1 килограм ), целта на ова диета не е губењето на тежината, туку враќање на силата со помош на најдобрите природни состојки кои телото може да ги добие. Основа на диетата е лимонот, т.е. свежо исцедена лимонада, многу вода, но и редовни оброци и мегуоброци, во што е можно поздрави интервали.

Детокс – лимонада:

  • 1 лимон
  • 300 ml вода
  • 1 стапче цимет или една мала лажичка мелен цимет
  • прстофат лута пиперка (чили или феферон во прав )
  • мала лажица мед

Ананас

Ананасот содржи скапоцен ензим бромелаин – ензим кој го поуспешува варењето растварајки ги протеините. Лошото варење на протеините можат да предизвикаат некои здравствени тегоби, како што се алергии или болести кои настануваат како резултат на гниење на храната што доведува до автотруење, болна состојба предизвикана од раслични ствари од внесените хранливи продукти, кои на организмот делуваат токсично. Бромелаин исто така спага во во таканаречените протеолитички ензими кој делува против воспалително. Во комбинација со други ензими може да ги ублажи и симптомите на инфекција на уринарниот тракт.

Коприва

Секако направете си еден голем чај од коприва. Всушност, листовите и коренот од коприва се типови на чаеви и капки за чистење на крвта,  поттикнување на подобро работење на црниот дроб, намалување на маснотиите во крвта, за зголемување на циркулацијата. Со чајот од коприва, црниот дроб подобро ќе ја излачува жолчката во жолчното кесе, а со тоа и подобри варењето на мрсната храна, како и во поуспешното топење на жолчниот песок или камењата.

Базга

 

Цветовите на базгата се диуретици и имуностимулатори. Со своето дејствување но и со мирисот и вкусот, одлично се вклопува во чајните машавини кои ни помагаат во детоксикацијата и слабеењето, но така што со самото губење на килограмите го сочуваме и подигнеме својот имунитет. Го чисти организмот и со дополнителното зголемено потење ( но не грижете се , ништо не е претерано).

Ѓумбир

Ѓумбирот, старите Кинези уште го нарекувале и „врела“ билка, бидејќи таа едноставно го отстранува внатрешниот студ во телото и го забрзува метаболизмот. Свежиот Ѓумбир (наречен Sheng Jiang) ги загрева меридијаните на телото, стомакот, го зајакнува системот за варење, белите дробови, желудникот и слезинката и ја смирува главоболката предизвикана од пореметување на циркулацијата. Ѓумбирот е одличен диуретик и ја интензивира работата на системот за варење – го поуспешува забрзаното исфрлање на отровите од телото.

Цимет

Го симнува нивото на шеќер во крвта и  поттикнува побрза преработка на јаглехидрати. Го снижува лошиот холестерол, како и вкупната количина холестерол во крвта

Зелен чај

Зелениот чај е познат по своите диуретични карактеристики – исфрлање вишок на течност од организмот (посебно е одличен кога се работи за упорен целулит), а исто така се покажува и како добар сојузник при диета. Значи не само што на тој начин пиеме доста течност (посебно кога водата веќе  ни е здосадена), туку зелениот чај го спречува уморот и го полни организмот со антиоксиданси.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk