← НАЗАД НА БОЗА

Најдобриот начин со кој ќе го спречите прејадувањето за време на празниците

Најдобриот начин со кој ќе го спречите прејадувањето за време на празниците
119 Читања

Празниците носат подароци – оние убави и нам драги под елката, но подеднакво и оние несаканите во форма на вишок на килограми поради неумереност во јадењето и пиењето.

Ние сме сигурни дека овие несаканите секоја година сте решени да ги избегнете, но едноставно тоа не ви оди баш од рака, па така ние ви претставуваме десет совети собрани од страна на Newsweek во интервју за голем број на нутриционистите.

Значи, ако прашате експерти, ова се клучните работи за празнична витка линија:

Декларации – кога купувате намирници за да ги подготвите празничните јадења, прочитајте ги декларациите и проверете колку маснотии, шеќер и калории содржат. Така ќе откриете која храна треба да се избегнува.

Движење – не седете повеќе од еден час. Ако седите, станете или прошетајте најмалку десет минути.

Помали порции – не преоптоварувајте ја чинијата со храна (освен зеленчук, со него неможете да претерате). Помислете двапати кога ќе посакате втора или трета порција.

Маснотии – бирајте храна со нискo ниво на маснотии. Доколку не можете да ги избегнете маснотиите, наместо сончогледово масло и маргарин, кои се исклучително нездрави, користете свинска маст, маслиново масло и путер.

Режим на исхрана – јадете полека, концентрирајте се на храна, не се претрпувајте. Јадете на масата, избегнувајте прејадување пред телевизорот. Уживајте во вашата храна.

Пијалоци – газираните пијалаци се преполни со шеќер, а алкохолот е висококалоричен. Пијте вода, минерална или свежо исцедени сокови. Ако пиете алкохол, избегнувајте коктели.

Рутина – обидете се да јадете секој ден во исто време и да се држите до тоа, дури и ако јадете двапати или пет пати на ден.

Шетање – Светската здравствена организација советува дека ако имаме намера да бидеме здрави и во добра форма, треба да направиме најмалку 10.000 чекори дневно што е еквивалентно на 60-90 минути умерено вежбање.

Денес, постојат многу апликации за мерење на чекорите (pedometers), а исто така можете да набавите паметен часовник кој ќе ви помогне уште повеќе.

Овошје и зеленчук – дневниот внес на овошје и зеленчук се советува да биде најмалку пет пати на ден (околу 400 грама). Секогаш имајте банана, јаболко, морков или мандарина во вашата куќа.

Здрави закуски – Наместо чипс, бисквити и чоколади, грицкајте овошје, семки или нискокалорични јогурти.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk