Сепак, постојат неколку метро станици на светот кои имаат јасен контраст со ова, истакнувајќи одлични примери за убава архитектура и ентериери кои можат да се создадат во подземни простори.
Архитектите се соочија со структурниот интегритет на ѕидовите, циркулацијата на воздухот, прекумерната влажност и други проблеми.
Иновацијата, бојата на калеидоскопот, оптичките илузии, скулптурите и фантастичните формации им овозможија на луѓето за време на чекање на возот, да се исполнат со визуелно уживање, наместо да се досаѓаат.
Овие метро станици дефинитивно одземаат здив. Доколку патувате во Москва, Тајван, Неапол, Стокхолм, Париз или Њујорк, обавезно да ги посетете.
Фотографиите се направени во некои од нив.

Стадион станица, Стокхолм, Шведска
Над 90 метроа во Стокхолм, Шведска, се декорирани со скулптури, мозаици и слики. Едната од нив е Стадион станица, украсена од уметниците Ено Халек и Аке Паларп и вклучува живописна слика на виножитото на аркови.

Radhuset, Стокхолм, Шведска
Еве уште една подземна станица во Шведска-Radhuset, која наликува на една пештера. Таа се наоѓа во Стокхолм и е обоена со црвена боја. Драматично е осветлена, станицата има изложени ѕидови и кога ќе се пуштите до овој подземен свет, ќе бидете фасцинирани.

Bund Sightseeing tunel, Шангај
Иако е повеќе туристичка атракција отколку подземна станица, тунелот Bund Sightseeing во Шангај, Кина, им нуди на патниците подземно возење под реката Хуанпу и вклучува неверојатни аудио-визуелни ефекти.

Гранд Централ, Њујорк
Grand Central Terminal станица во Њујорк го краси неверојатниот таван, а местото е исто така познато по најголемиот број на терминали – има вкупно 44, а една тајна се наоѓа под легендарниот хотел Валдорф Асторија.

Метро станица “Автово” во Санкт Петербург, Русија
Таа е украсена со величествени антички лустери, мермерни столбови, ловорови венци, мозаици и други историски карактеристики.

Kungstradgarden, Стокхолм
Во Kungstradgarden метро станица се наоѓаат реликвии од старата градска палата, кои се вградени во импресивен индустриски дизајн.
