Поткожното масно ткиво од стомакот е највидливиот тип на маснотии, сместено веднаш под кожата. Секој има стомак, но зголемување на кoличината на ова поткожно масно ткиво може да укажува на проблем со тежина.
Операциите, “чудесните” апчиња на природна база нема да ви го тргнат овој тип на маснотија, туку само со правилна исхрана и вежбање ќе ги постигнете саканите резултати.
Висцерална маснотија – понекогаш се нарекува и “активна” маснотија бидејќи влијае во производството на различни хормони, помалку е видлива од поткожното масно ткиво бидејќи се наоѓа на ѕидот на стомакот. Таа ги опколува органите и ослободува хромони кои може да предизвикаат дијабетес, хронични воспаленија и други посериозни заболувања.
Еве неколку совети како да ги отстраните маснотиите од вашето тело.
Исфрлете ги засладените напитоци – истражувањата покажуваат дека газираните пијалоци, засладениот чај или кафе доведуваат до создавање на висцералното масно ткиво. Луѓето треба да ги избегнуваат засладените кафиња и газирани пијалоци.
Јадете повеќе овошје и зеленчук – овошјето и зеленчукот се здрава алтернатива на едноставните јагленохидрати. Тие содржат и растителни влакна кои помагаат во регулирање на шеќерот во крвта. Абдоминалната маснотија е ризик фактор за отпорност на инсулин и дијабетес.
Калории – јадете помалку калории отколку што трошите. Создавање на калоричен дефицит може да помогне во согорувањето на висцералните масти и вишокот на поткожно масно ткиво.
Конторла на внес на маснотии – исхрана богата со масти доведува до нивно таложење околу стомакот. Немојте да ги отстраните сите маснотии но барем внесувајте здрави масти, како на пример авокадо.
Смалите го внесот на јаглехидрати – едноставните јагленохидрати како што е белиот леб и слатките имаат ниска нутритивна вредност,а имаат многу калории.
Три совети за вежбање
Бидете поактивни – зголемувањето на нивото на активност може да помогне во согорување на повеќето калории. Луѓето кои седат долго време, треба да направат редовни паузи за истегнување. Паркирајте се подалеку од работа со што ќе треба повеќе да пешачите,така согорувате повеќе калории и го подобрувате здравјето на срцето.
Зајакнување на мускулите – тренингот може да ја подобри телесната тежина, бидејќи мускулите трошат повеќе калории. Тренирањето исто така може да ја спречи остеопорозата и другите хронични болести. Нека вашиот распоред вклучи тренинг, како што се кревање тежина или јога, најмалку три пати неделно.
Кардио – Кардио вежбите го стимулираат срцето да работи подобро. Исто така согорува калории, помага да се намали стомачната маснотија, особено висцерална. Полека пешачете или пливајте. Постепено ќе ги интензивирате кардио вежбите, па ќе започнете со трчање или скокање на јаже.