Сигурно не ви се верува но има лекарство што помага за сите болести – од висок притисок до настинка и.т.н. И најважно е што не штити од нив. И од горе на се е бесплатно. Се нарекува добро расположение.
Веќе е научно докажано дека токму тоа е најголемиот непријател на болестите. Кога сме незадоволни и вечно намрштени се лачат хормони кои го напаѓаат имуниот систем и постојано нешто не боли, а кога сме среќни – се лачат други кои го зајакнуваат имунитетот и не прават отпорни за болестите.
Докажано е дека оптимистите, позитивно расположените луѓе, боледуваат многу поретко, оздравуваат многу побрзо од вечно незадоволните луѓе.
Расположението си има и чисто биолошка основа и тоа се хормоните кои се синтетизираат во мозокот. Најважните од нив се серотонин и допамин. Ако постои недостаток од серотонин преовладуваат мрачни мисли и депресивни состојби.
Човек тешко се менува на стари години, затоа научете го детето уште од најрана возраст да е позитивно, да е оптимист, да е добро расположено за да е здраво. Не заборавајте го личниот пример. Ако од секој проблем правите голема драма, ако постојано ги кршите прстите пред детето и ви е крив целиот свет, најверојатно ќе одгледате такво дете.
Фалете го детето секогаш кога има повод, создајте кај него самодоверба, за да може да се справи со предизвиците. Посветете му внимание и заедно уживајте во убавите работи што животот ги носи, а не да се фокусирате само на лошите моменти.
Смеењето лекува, смејте се заедно со децата, насмевката е како вирусите, силно заразна.
Ако се добронамерни и насмевнати и другите ќе им одговорат на истиот начин. Научете ги да ги ценат малите радости во животот, заедно погалете мало кученце, навадете дрвце, купете сликовница. Да си доставиш задоволство е цела философија, не е задолжително да си богат, за да си среќен. Малото подароче може да донесе многу повеќе расположение од скапиот подарок…
