← НАЗАД НА БОЗА

Најлон торта

Најлон торта
230 Читања

Состојки:
Кора:
10 белки
500 гр шеќер
1 лажица оцет
Фил:
750 мл млеко
12 лажици шеќер
10 жолчки
8 лажици брашно
2 маргарини или 500 гр
250 гр шеќер во прав
2 ванили
200 гр стопено чоколадо
150 гр мелени ореви
2 шлаг креми од ванила
200 мл млеко за шлагот

За кората:
Се матат белките во цврст снег со шеќерот и на крај се додава оцетот.
Рерната се загрева на 250 степени.
Изматената кора се става во плех обложен со хартија и се става да се пече.
Штом ја ставаме кората да се пече ја намалуваме температурата на 150 и ја печеме кората – ја сушиме 1 час и 30 минути.
Кога е готова ја ставаме на крпа попрскана со шеќер, ја одстрануваме хартијата и ја враќаме повторно во плехот.

Млекото и шеќерот ги ставаме на оган. Жолчките се матат со миксер им се додава брашното и малку млеко околу 50 мл и целата смеса се става во млекото што врие. Се вари крем и се остава да се лади. Маргаринот и шеќерот во прав се матат и се соединуваат со изладениот крем. Кремот се дели на два дела. Едниот дел останува ист, а во другиот дел се става стопената чоколада и мелените ореви.
Врз кората се става прво жолтиот фил, врз него црниот и на крај изматениот шлаг. На крај се посипува рендана чоколада.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk