← НАЗАД НА БОЗА

Најлош филм на сите времиња – честитки!

Најлош филм на сите времиња – честитки!
169 Читања

Кога ќе се сетиме само на хистеријата што владееше околу оваа серија …

О, како девојките го сакаа Роберт Патинсон во улогата на бледиот Едвард … сега го мразат!

Добро, не го мразат, но не дека нешто посебно го сакаат делот “Twilight saga” десет години откако светот го запозна вампирот кој се вљубува во смртничка. Која потоа и сама станува вампир…

Воглавно, “Twilight” беше именуван за најлошиот филм на сите времиња во анкетата на сајтот Ranker.

Иако гласањето е во тек, малкумина ќе можат да го загрозат овој “успех”.

Триесет илјади луѓе рекоа дека филмот е лош, полош дури и од познатиот “Batman” во кој глумеше Џорџ Клуни, кој сега е на трето место. Второто место му припаѓа на “Gigli”, на Џенифер Лопез и поранешниот свршеник Бен Афлек.

На листата се наоѓаат и филмовите како што се “Glitter”, во кои глуми Мараја Кери и “Batllefield Earth” со Џон Траволта.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk