Мода

Најлошиот тренд од девеесетите повторно се враќа во мода

Еден популарен моден додаток од девеесетите години, без кој ниедна фризура не можело да се замисли е платнениот стегач за коса.

Девеесетите години од минатиот век сите ги носеа и беа апсолутен хит без разлика дали се плишани, сатенски, металик или светкави стегачи за коса.

Нив ги обожувала и Кери Бредшо, затоа и нивната популарност не не зачудува.Иако сите сметаат дека тоа е еден од најлошите трендови на девеестеите, сепак тие се повторно најнова мода.

Оваа година се чини дека има повеќе потенцијал со обзир дека минатата година беа безуспешно пласирани на пазарот. Ваквиот тип на стегачи не планираат да се задржат кратко на пазарот. Доколку чувате стари стегачи од вашите мајки или постари сестри сега е време сега е времето да ги извадите од нафталин и да се подготвите за новото модно лудило.

Write A Comment