Дестинации

Најубавото патување со воз низ Америка

Ако сакате да го видите најдоброто од западниот брег, возете се со воз.

Започнете од Сиетл, Вашингтон и завршете во Лос Анџелес, Калифорнија. Amtrak’s Coast Starlight линијата на патниците им ги прикажува најубавите погледи на брегот на Пацификот.

35-часовниот пат опфаќа 350 милји низ руралниот дел на Вашингтон, Орегон и Калифорнија, со што се застанува на околу 30 постојки, вклучувајќи ја и Санта Барбара, заливот на Сан Франциско, Сакраменто и Портланд, Орегон.

Меѓу многуте локации што ќе ги видите по патот, можете да ги погледнете и прекрасните планини, шуми, долини и Тихиот Океан за време на само едно патување.

Секој воз има седишта за набљудување со прозорци од подот до таванот. Патниците, исто така, можат да се сместат во вртливи столчиња за да можат да уживаат во широк поглед.

Внимавајте ако планирате да патувате, бидејќи треба да го испланирате патот неколку недели однапред за да успеете да резервирате повеќе билети.

Патниците можат да купат премиум-билети, по премиум цени, за Superliner Roomette што доаѓа со два кревети, плус оброци и прекрасен приватен прозорец за да не ги пропуштат погледите.

Write A Comment