← НАЗАД НА БОЗА

Направете 3D снегулки од хартија

Направете 3D снегулки од хартија
87 Читања

Надополнете ја новогодишната декорација со овие атрактивни 3D хартиени снегулки, кои се многу лесни за правење.

Можете да направите 2 снегулки од еден лист хартија А4 формат.

Материјал:

  • бела хартија (А4)
  • ножици
  • хефталка
  • молив

Инструкции за правење на 3D снегулки од хартија

Чекор 1:

Исечете ја хартијата на половина по должина, потоа  свиткајте ја како хармоника. Започнете со преклопување на половина, потоа на половина уште еднаш, така што на крајот ќе имате парен број на набори.

Чекор 2:

Исечете еден набор да ви служи како шаблон за сечење на дизајнот.

Чекор 3:

Стиснете ја целата хармоника од хартија и захефтајте ја во средината.

Чекор 4:

На исечениот шаблон нацртајте декорација по желба и исечете со ножиците.

Чекор 5:

Поставете го шаблонот над споената хармоника и нацртајте контури со молив, па внимателно исечете.

Чекор 6:

Кога ќе гоа отсечете вишокот на хартија, внимателно одвојте ја хармониката и поврзете ги краевите со селотејп.

Вашата 3D снегулка е готова!

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk