Во постудените денови, на кожата и косата им е потребна посебна нега.

Студеноста може да ја наруши вашата убавина, а со цел да го заштитите лицето и косата од негативните ефекти од ниските температури, кафето ви доаѓа на помош. Од популарниот утрински пијалок, можете да направите целосно природни и ефективни производи за нега на кожата и косата.
Нега на коса
Сварете слабо кафе и изладете го и едноставно нанесете го по целата должина на косата и соберете ја под пластична капа. По 20 минути, исплакнете го кафето со обична вода и ќе забележите дека вашата коса изгледа посјајна и помазна, а ќе се ослободите од вишокот маснотии.
Маска за лице
За да ја направите оваа маска, ќе треба да се потрудите малку повеќе отколку кај грижата за вашата коса, а ќе ви бидат потребни следните состојки:
– две лажички мелено кафе
– Две лажички какао во прав
– три лажички полномасно млеко или јогурт
– лажичка мед
Ставете ги состојките во ист сад и мешајте ги додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја маската на лицето, а потоа направете лесна масажа за да поттикнете циркулацијата на лицето.
По 15 минути, исплакнете ја маската со млака вода и нанесете го омилениот хидратантен крем.
