Ако сте една од оние жени кои се залагаат за природна козметика, имаме еден одличен рецепт за вас.
Ние веруваме дека оваа домашна anti-age маска ќе ги привлече и оние жени кои предност им даваат на козметичките производи, без разлика дали се поевтини или поскапи, бидејќи младешкиот изглед е нешто кон што сите се стремат, без оглед на тоа колку сме всушност различни.
За да ја направите оваа маска ви требаат само неколку состојки од кујната. Таа ќе и даде на вашата кожа свежина, ќе ви го изедначи тенот и ќе ја намалина видливоста на брчките, што е токму она што ви треба.
Неопходни состојки:
- 1 лажица пченкарно брашно
- 1 лажица обезмастена кисела павлака
- 5 лажици сок од морков
- 100 мл вода.
Подготовка:
Додадете пченкарно брашно во водата, добро промешајте и ставете да се готви. Постојано мешајте, а кога смесата ќе стане густа, отстранете ја од оганот и оставете да се излади. Конечно, додадете сок од морков и павлака и добро промешајте.
Пред нанесувањето, темелно исчистете го лицето и оставете ја маската на лицето половина час. Исплакнете со млака вода.
Може да ја повторите постапката неколку пати неделно.