Станува збор за балзам кој ќе ги заштити вашите усни од студ и сушење, и е сосема природен. Самата процедура е едноставна. Направете го тоа за себе, но исто така и за луѓето што ги сакате.

Состојки:
5 гр пчелин восок
10 мл нерафинирано кокосово масло
3 мл бадемово или јојоба масло
1 капка етерично масло од каранфилче
4 капки етерично масло од портокал

Ставете вода до половина во тенџере и потоа ставете огноотпорен сад во него во кој се наоѓаат пчелиниот восок и сите масла освен етеричните.
Загрејте ги на ниска температура, додека восокот и кокосовото масло не се растопат, отстранете го тенџерето од огнот и додадете етерични масла во смесата.
Промешајте со дрвено стапче и истурете ја смесата во кутии или тубички за балзам што можат да се најдат во продавниците.
Затворете ги само кога смесата е целосно изладена.
