← НАЗАД НА БОЗА

Направете сами брош машна

Направете сами брош машна
56 Читања

За овој мал проект потребни ви се: сатенска трака, игла. конец, ножици, копче, безопасна игла и малку ентузијазам да направите нешто за себе. Ќе ви биде потребно не повеќе од еден час работа.

За правењето на ваков брош постапката е многу едноставна, не е потребно поголемо знаење за шиење. Одберете ја широчината на сатенската трака во зависност од тоа колкава сакате да биде големината на брошот.

Кога ќе ги набавите сите потребни материјали имате се можете да почнете со работа. Исечете од сатенската трака една мало парче со должина од 20 сантиметри. Краевите на парчето малку загрејте ги со помош на запалката, за да не дојде до распаѓање на брошот при следните чекори. Преклопете ги краевите на траката една преку друга и сошијте ги.

Следен чекор е бочното шиење на траката ( како на сликата).

Потоа од сатенската трака повторно исечите парче од 2 сантиметри, и повторно со запалката загрејте спојте ги краевите.

Превиткајте го парчето на половина и обмотајте го централниот дел на машната. Сошијте на задната страна.

Од кога ќе добиете готова машна следи нејзина декорација. Сошијте го копчето на предната страна ставете ја безопасната игла на задната страна од машната и брошот е готов.

Овој вид на брош можете да искомбинирате на различни начини, на гардероба, марами, чанти, траки за коса…

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk